Миграциската политика е на прво место, Америка моментно има 11 милиони нерегистрирани илегални мигранти и тие секогаш се добар таргет на поголем дел на конзервативни политичари низ историјата за врз низ да се наметне вината за економската нееднаквост, вели Марко Трошановски, извршен директор на Институт за демократија „Сосиетас Цивилис“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Првиот фокус ќе биде на оние масовни депортации кои што Трамп ги најавува. Сепак, се доста тешко изводливи, бидејќи е прескапи и за истите се потребни неколку години да се спроведат. Со мигрантите се поврзуваат и тарифите со кои се заканува, особено Канада и Мексико. Условувањето е дека доколку не се справите со отворени граници, бројот на мигранти кои илегално доаѓаат во нашата земја и не го спречите приливот на трговијата со дрога, особено на фентанилот, кој особено е пенетриран во Америка, ќе ви бидат наметнати високи царини“, вели Трошановски.
Понатаму, смета Трошановски, фокусот ќе биде на реформа на јавната администрација.
„Процес, исто така, ќе биде доста тежок. Оделот за владина ефикасност, кој што треба да го водат Маск и Равасвами е нешто што, исто така, не знаеме како ќе функционира. Тој одел сè уште не е вграден во институционалната структура на политичкиот систем на Америка. На некој начин ќе функционира како советодавно тело, од друга страна принципите на реорганизациски менаџмент кој што ги имаат тие двајца луѓе, се на корпоративистичка Америка – ефикасност по цена на длабоки резови во човечките ресурси, отпуштање на луѓе, итн. Не знаеме каков ќе биде контроверзниот проект наречен „2025“ на фондацијата Херитиџ, кој подразбира укинување на многу владини одделенија, партизација на многу институции со „да“ министри како што и самиот рече. Меѓутоа, тоа е нешто што ќе виси и ги плаши Американците“, смета Трошановски.
Според Трошановски, доаѓа крајот на принципот на диверзитет, еднаквост и инклузивност.
„Наметнуваше политики на вградување на маргинализирани групи, сексуални малцинства, итн. на секое ниво во функционирањето на американското општество, од цртаните на „Дизни“ и филмската индустрија на Холивуд, до вработувањата во армијата. Тоа е нешто што длабоко на дели Америка во моментот и сериозно е поларизирана по тоа прашање. Трамп најави крај и на родовата политика, во смисла повеќекратен родов идентитет, велејќи дека владата од сега ќе признае само машко и женско. И тоа е нешто што сериозно ќе го продлабочи американското општество понатаму“, рече Трошановски.