Вести Свет Топ вести

Стапи на сила примирјето во Газа – Хамас попладнево ќе ги ослободи првите заложници, Нетанјаху остана без тројца министри

Изблици на радост наместо борбени извици, солзи радосници го заменија плачот. Се слави со пукање во воздух од огнено оружје, со виорат знамиња, се креваат два прста, како симбол на мирот. По 15-месечна војна и деноноќни бомбардирања, Палестинците, конечно, можат да здивнат. Претпладнево стапи на сила договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, откако палестинската милитантна група го достави списокот со 33 заложници кои се обврза да ги ослободи денеска. Првата група, според најавите, се очекува да биде предадена попладнево по 16 часот.

Заедно со Израелците, во исчекување се и Палестинците чии роднини се очекува да бидат ослободени од израелските затвори во првата фаза од договорот. Дел од раселените во Појасот се пакуваат и подготвуваат за враќање во нивните домови. Свесни се дека ќе наидат на рушевини, па затоа дел од нив се подготвени да подигнат и шатори на местото на куќите, само да се вратат од каде што заминаа.

Веднаш по стапување на сила на примирјето, низ преминот Рафа, минаа 95 камиони со хуманитарна помош, а дополнителни 4.000 чекаат за влезат во Газа. По нив се подготвени да тргнат и десетици амбулантни возила, стотици медицински работници и персонал на Црвената полумесечина за помош на раселеното население во Појасот.

Договорот за прекин на огнот во Газа беше причина за оставки на тројца министри во кабинетот на Бенјамин Нетанјаху. Меѓу нив и радикалниот Бен Гвир кој раководеше со министерството за национална безбедност и уште двајца негови сопартијци од партијата Оцма Јехудит која ја напушти владината коалиција, но порача дека нема да работи на уривање на владата на Нетанјаху.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Дејан Дејан

Се сретнаа Лавров и Рубио, во Ријад почнуваат руско-американските разговори

Дејан Дејан

Земјотреси од 4,9 и 5 степени регистрирани во близина на Санторини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе