Од ноќеска на полноќ популарната социјална мрежа ТикТок во САД ќе престане со работа, откако Врховниот суд во Вашингтон го потврди Законот за заштита на „националната безбедност“, освен ако кинеската матична компанија „БајтДенс“ не го продаде на одобрен американски купувач, што компанијата го одбива.
Со оваа одлука, популарната апликација за кратки видеа е во опасност утре да исчезне. Судската одлука ги фрла платформата и нејзините 170 милиони американски корисници во неизвесност, а нејзината судбина во рацете на Доналд Трамп, кој вети дека ќе го спаси ТикТок откако ќе се врати на претседателската функција во понеделник. Тој, пак, го повика судот да го помести рокот во обид за изнаоѓање на „политичко решение“.