Студентка, која беше удрена од автомобил за време на протестот во Белград, не е во животна опасност, а возачот, кој не застана, е уапсен набрзо по инцидентот. Напомош на повредената девојка и притрчаа дел од насобраните луѓе, по што со возило на Итната помош е пренесена во Ургентниот центар. Констатирана е тешка траума, со видливи повреди по телото, но, за среќа, не е во животно загрозувачка состојба. Станува збор за 20-годишна девојка од Краљево, студентка на Правниот факултет.
Возачот на автомобилот е уапсен и му е одредено 48-часовно задржување. Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека припадници на полицијата во Белград по 15-минутно трагање го пронашле, заедно со уште две лица во возилото од кои една била малолетничка. По апсењето се правдал дека „брзал на работа“, а побегнал бидејќи се исплашил.
Српските медиуми пренесуваат дека возачот М.П. (1987) по итна постапка е предаден на надлежен обвинител за натамошно постапување. Вишото јавно обвинителство во Белград ја презело надлежноста за случајот, како и дека обвинетиот се товари за обид за убиство, поточно за делото „тешко убиство вбо обид“.
Лицето кое се товари за кривичното дело од претходно е евидентирано како сторител на различни кривични дела и, како што рече Дачиќ, било осудувано седум пати.
Tokom odavanje pošte stradalim, u Ruzveltovoj ulici u Beogradu, povređena je devojka kada ju je udario i nosio na krovu automobila nakon čega je pala ulicu. pic.twitter.com/M7nxsSuBK2
— TV N1 Beograd (@n1srbija) January 16, 2025