18-годишно момче е осомничено дека денеска во училиште во Словачка убил две лица и повредил неколку други. Нападот се случил во теретана.
Според информациите на словачките медиуми, полицијата успеала да го уапси напаѓачот. Службите за итна медицинска помош се на местото на настанот, јави ТА3, додавајќи дека покрај двете лица кај кои е потврдена смрта, уште едно лице е во критична состојба.
18-годишниот ученик нападот го извршил со нож во средно училиште во Словачка, јавуваат словачките медиуми.
„Ја уверуваме јавноста дека се преземаат сите неопходни мерки за да се чувствувате безбедно“, соопшти полицијата.
Од таму додаваат дека жртвите на тинејџерот биле двајца соученици и еден наставник.
Словачките медиуми објавија дека нападот се случил во Списка Стара Вес, град со 2.000 жители во близина на границата со Полска, околу 13:00 часот по локално време (12:00 часот по Гринич).