Германија ќе испорача дополнителни 60 наведувани ракети од типот ИРИС-Т на Украина за да ги зајакне нејзините капацитети за воздушна одбрана против руските напади. Испораката вредна 60 милиони евра треба да биде извлечена од залихите на германските вооружени сили, Бундесверот.
Поради тешката ситуација во Украина, одлуката е донесена без целосно да се реши рефинансирањето. Одлуката доаѓа по вчерашната посета на германскиот министер за одбрана Борис Писториус на Киев, каде разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Министерот за одбрана го увери Зеленски за континуираната поддршка на Германија и по претстојните парламентарни избори на 23 февруари. Писториус, исто така, рече дека се надева оти Германија ќе најде начин да обезбеди дополнителни три милијарди евра за воена помош.