Руските оружени сили воведуваат ново беспилотно летало (УАВ) по називот ТраМП (Transport Aviation Multipurpose Platfoprm), a кратенката веќе се користи неофицијално, бидејќи одлично се совпадна со со презимето на новоизбраниот американски претседател.
Товарниот дрон е замислен да дава поддршка при превоз и логистика за време на воените операции на првите линии на фронтот. Дронот моментно минува низ тестови на земја, а првиот оперативно тестирање и пробен лет ќе бидат објавени на пролет.
Моментните тестирања се насочени на контролните системи, се усовршува и дизајнот за да се осигура да ги исполни сите очекувања за перформансите.
ТраМП е товарен дрон е дизајниран за превоз на големи дистанци, дури и во неповолни услови. Има модуларен дизајн, што овозможува брзи поправки и одржување на терен. Клучните компоненти (крила, мотор, труп) може да се заменат на лице место.
Руските медиуми, повикувајќи се на извор во воено-индустрискиот комплекс, наведуваат дека уредот може да понесе товар до 250 килограми на оддалеченост од 600 километри. Дронот има товарен простор со зафатнина од 2.650 литри, ко овозможува не само транспорт, туку и спуштање на товарот со падобран до одредена точка.
Брзината на летот е проектирана на 195 километри на час, а максималната височина е 3.000 метри.