Вести Македонија Топ вести

Муцунски во Топ Тема: Нашата држава има сериозен интерес од страна на администрацијата во доаѓање на САД

  • Има ли македонската дипломатија план како да го заврши летот во место на евроинтеграциите откако и новата Европска комисија и последниот Европски совет повторија – уставни измени па преговори.
  • Политичката влада во Софија која е во најава – олеснување или уште поголема пречка до решението на проблемот.
  • Во меѓувреме, МНР се реструктурира со новата обврска за надворешна трговија и во трет обид во 20 години да го смени Законот за надворешни работи.
  • „Дефинитивно доаѓање на нова администрација на САД е значаен чин за нас, Мицкоски ќе ја предводи и нашата делегација таму, заедно со него ќе бидеме дел од многу формални и нефомални активности како и самата инаугурација. Да ги афирмираме  нашите позиции со администрацијата во доаѓање, да продолжиме да ги негуваме тие добри и лични односи кои премиерот, јас и други чинители во Владата. Исто така и да го потврдиме и континуитетот којшто го очекуваме од американската надворешна политика, во однос на прашања поврзани со регионот, посветеноста кон европските интеграции, посветеноста кон НАТО алијансата, и сето она што за нас е значајно од гледна точка на европска и регионална безбедност и прашања кои како земја нас најмногу не засегаат“ изјави на почеток на интервјуто Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија. 

За последната посета во САД Муцунски објасни зошто се внимателни при објава на имињата на луѓе со кои се остварувале средбите таму.

„Имав средба со еден висок претставник на Стејт Департментот господин Јодер, кој таму имаше позиција одговорна за борба против корупција, меѓудругото во неговото портфолио беше опфатено и прашањето за “црните листи“,  имав средба и со потпретседателот на Атлантскиот совет господинот Кроник којшто е значаен чинител во тин-тенк заедницата во САД. Имав средби со лица кои се дел од транзицијата на претседателот и сме внимателни некогаш во објавата на тие имиња поради доверливоста на работата и специфичноста која ја вршат, бидејќи се администрација во доаѓање.“ 

„Предноста на американскиот систем е што транзицијата е институционализирана, и веќе станува јасно кои лица добиваат одредени транзиции и имате со кого да контактирате. Остварив јас средба со лица кои ќе извршуваат одредени позиции во администрацијата во доаѓање, и тоа беше за нас битно. Во однос на нашиот регион и нашата држава гледам сериозен позитивен интерес од страна на администрацијата во доаѓање“ истакна Муцунски.

„Има потреба од засилување на меѓусебните трговски релации со САД, не само во делот на инвестициите туку и во делот на увоз-извоз портфолио на државата, и тука сметам со новата администрација посебно земајќи ја во предвид дека премиерот Мицкоски има лична близина со министерот за трговија, господинот Латник, тој беше и присутен во нашата земја пред неколку месеци. Што значи дека тука конкретно можеме да имаме едно позитивно поместување да направиме.  Во делот на политичко безбедносниот аспект кој ни е значаен потребен ни е фокус и дополнителен стимул од САД за разбирање на предизвиците со кои се соочува регионот. Не потценувајќи дека и досега немало фокус, сметам дека сега релациите кои ги имаме како Влада заради поединците коишто се поставени на одредени високи позиции или кои очекуваме да бидат поставени на тие позиции во американскиот Стејт Департмент да се засили тој фокус кон нашиот регион. Ние тука имаме сериозна предност и да знаеме да ја искористиме“ образложи Муцунски.

„Ние како држава имаме историска позиција во администрацијата во доаѓање, но умешноста е да го привлечете вниманието за да се добие тој заслужен фокус што ние како држава и регион го заслужуваме. Имаме прашања кои се од сериозен економски, политички и безбедносен карактер“ изјави Муцунски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе