Вести Македонија Топ вести

ЗНАМ: Даути го прекрши деловникот, а санкцијата за тоа е разрешување

Попусто вчера Собранието дебатираше и  ја гласаше интерпелацијата на пратеничката од ДУИ Илире Дауити, како претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

Иако 61 пратеник и изгласа недоверба, според толкувањето од Кабинетот на претседателот на Парламентот,  Африм Гаши,  таа останува на чело на оваа Комисија, одлуката на пратениците не е обврзувачка и интерпелацијата не наложува разрешување на Даути.

 „Нагласуваме дека гласањето за интерпелацијата е израз на пратениците и нема правно обврзувачки последици за разрешување и нема правно дејство. Именувањата и разрешувањата се уредуваат со други посебни процедури утврдени во Деловникот на Собранието, законите и Уставот“, се наведува во Соопштението на Кабинетот  на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Според новиот собраниски Деловник кој го применува овој состав на Собранието, во членот 47 се наведува дека „интерпелација можат да постават 5 пратеници за работата на носител на јавна функција, Владата и секој нејзин член,  како и за прашања од работата на  државните органи“.

За движењето ЗНАМ, Даути како претседател на  собраниска комисија е носител на јавна функција, и токму затоа велат дека сосема е нејасно на што се темели соопштението од Кабинетот на Гаши. Даути го прекршила Деловникот и санкцијата за тоа е разрешување, велат од ЗНАМ.

 -Ако ние утврдиме одгворност а тоа не предизвикува санкција, тогаш се обесмислува самата интерпелција. За Движењето ЗНАМ, со усвојувањето на интерпелацијата, Илире Даути е разрешена и таа повеќе не може да ја извршува претседателската функција во работното тело на Собранието. Очекуваме опозицијата, на која, според претходната распределба, ѝ припадна претседателското место во оваа комисија, веднаш, уште в понеделник, да предложи нов кандидат за оваа позиција, Вели Бобан Карапејовски од ЗНАМ.

Собранието до доцна синоќа расправаше по пет  интерпелации поднесени против четворица членови на Владата и претседателката на собраниската Комисија за социјална политика.

Интерпелациите на министерите кои беа поднесени од Европскиот фронт, не минаа. Беше изгласана само интерпелацијата за претседателката на собраниската Комисија за социјална политика Илире Даути, која ја поднесе Левица, затоа што, како  што е наведено во  образложението  „го кочи Законот за бранители со тоа што не го става на дневен ред на Комисијата со која претседава.“

Но, според Кабинетот нa Гаши, Даути, останува претседател на Комисијата за социјална политика.  Во случајот не станува збор за одземање на имунитет на пратеник, што според Деловникот е сосема друга процедура, туку за разрешување од  функцијата претседател на собраниска комисија.

Ако интерпелацијата за Даути како претседател на Комисија  не е обврзувачка,  се отвора прашањето зошто била поставена на дневен ред, зошто се дебатирало за неа и зошто се направени трошоци кои се плаќаат од народни пари.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе