Вести Македонија

Возете внимателно! Снег на патиштата Тетово – Шапка, Гостивар – Стража и Страцин

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови,по влажни коловози.

На терен снег провејува на патните правци Тетово-Попова Шапка, Гостивар-Стража и Страцин, кој во мометов не се задржува на коловозот.

Од ЈП Македонијапат информираат дека намалена видливост поради магла до 50 метри има на делниците кон Крушево и Плетвар и додаваат дека со целокупната расположива механизација и работна сила се вклучена во расчистување на патиштата.

Предупредуваат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе