Вести Свет

Украина тврди дека заробила двајца севернокорејци кои војувале на страната на Русија

Украинските сили заробија двајца севернокорејски војници кои се бореа заедно со руските сили во рускиот пограничен регион Курск, изјави претседателот Володимир Зеленски, што е прво такво тврдење на Киев откако Северна Кореја испрати илјадници војници за да ги поддржи воените напори на Москва.

Зеленски ги даде коментарите неколку дена откако Украина, соочена со бавен руски напад на исток, почна да врши нови напади во Курск за да ја задржи територијата заземена во упадот на украинската армија во август – што всушност претставува и прва окупација на руска територија од Втората светска војна.

Контранападот на Москва ги остави украинските сили расштркани и деморализирани, убивајќи и ранувајќи илјадници и преземајќи повеќе од 40% од 984 квадратни километри од Курск што Украина претходно ги зазеде.

„Нашите војници заробија севернокорејски војници во Курск. Станува збор за двајца војници кои, иако ранети, преживеаја, беа однесени во Киев и комуницираат со украинските безбедносни служби, рече Зеленски во објава на апликацијата за пораки Телеграм.

Зеленски истакна дека фаќањето на војниците живи не било „лесно“.

Тој тврди дека руските и севернокорејските сили кои се борат во Курск се обиделе да го скријат присуството на севернокорејски војници, вклучително и со убивање на ранети соборци на бојното поле за да избегнат нивно заробување и испрашување од страна на Киев.

Украинската безбедносна служба СБУ денеска соопшти дека еден од војниците воопшто немал документи, додека другиот носел руска воена лична карта на име на маж од Тува, руски регион кој граничи со Монголија.

Според СБУ еден од војниците тврдел дека му било кажано дека оди во Русија на обука, а не дека ќе се бори против Украина. Тој рече дека неговата борбена единица, составена од Севернокорејци, добила само една недела обука заедно со руските војници пред да биде испратена на фронтот.

Висок украински воен претставник минатиот месец изјави дека неколку стотини севернокорејски војници кои се борат заедно со руските сили во Курск се убиени или ранети во битка.

Украина проценува дека 10.000 до 12.000 севернокорејски војници се испратени во Русија.

Белата куќа и Пентагон соопштија дека севернокорејските сили се борат на првите линии на фронтот главно на позиции на пешадија.

Тие се бореле заедно со руските единици, а во некои случаи и независно во околината на Курск.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе