Аеродромот Завентем во Брисел соопшти дека многу летови во понеделник следната недела се очекува да бидат одложени поради закажаниот протест во главниот град на Белгија, организиран од синдикатите.
Се уште не е познат точниот број на летови кои ќе бидат одложени .
Аеродромот очекува исто така многу вработени во копнените служби да се приклучат на протестот, што ќе ги ограничи можностите за работа. Нема информации колку патници ќе бидат засегнати од овие акции, додаваат од аеродромот.
Причина за протестот се планираните промени во законодавството за даноци и социјално осигурување.
Белгиските синдикати се изјаснија дека се против планираните промени во законодавството за даноци и социјално осигурување во земјата.
Измените се дел од договорите за кои разговараа идните коалициски партнери речиси осум месеци по парламентарните избори во јуни минатата година.