Вести Свет Топ вести

Штајнмаер го распушти Бундестагот – Германија на избори на 23 февруари

Претседателот на Германија,  Франк Валтер Штајнмаер го распушти Бундестагот и распиша предвременеи парламентарни избори во земјата на 23 февруари во 2025 година. При соопштување на одлуката нагласи оти е потребна функционална влада во тешки времиња.

Политичките партии во Германија веќе се договорија за изборно соочување на 23 февруари, но беше потребно и распуштање на Бундестагот, во рамки на член 68 од уставот на Германија.

Канцеларот Олаф Шолц минатиот понеделник побара изгласување на доверба во Бундестагот и загуби во гласањето по распадот на владеачката коалиција.

Потоа му предложи на Штајнмаер да го распушти Бундестагот и на тој начин да отвори врата за нови избори. Според уставот, претседателот тоа може да го стори во рок од 21 ден, но не е обврзан на такво нешто.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерц: Европа мора да вложи повеќе за својата одбрана

Дејан Дејан

ЕУ со нов пакет санкции кон Русија

Дејан Дејан

Пет активни пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе