Вести Македонија Топ вести

Зендели од Европски фронт во Топ Тема: Повторно ќе пружиме отпор и нема да биде прифатливо за Албанци да се укинe законот за употреба на јазиците

Законот за јазиците со кој се купуваше време во судските постапки за организиран криминал и самиот доби уште неколку месеци одложување до конечната одлука дали е уставен или не.

Прават ли партиите планови што потоа – ќе се растегнуваат шатори во знак на протест или ќе се носи нов закон. Во пресрет на локалните избори Законот како старо-нова тема за собирање на гласови.

  • „Што ќе се случи во март најмногу зависи од начинот на кој ќе постапува Уставниот суд. За жал ние сме сведени во ситуација политичарите да коментираме и да преземеме одредени дејствија за одлуки кои треба да ги донесат Уставниот суд како орган којшто треба да ја штити уставноста и законитоста во оваа  државата. Сега за сега има одредено мирување на ситуацијата, се купува време, јас го гледам и Европскиот фронт, тактизација до март односно мај, но во едно сум сигурна да почекаме да не претпоставуваме хипотетички ситуации, но во едно сум сигурна дека повторно ќе пружиме отпор и нема да биде прифатливо за Европскиот фронт и за граѓаните Албанци во оваа држава да се укинува законот за употреба на јазиците“ изјави Арта Биљали Зендели од Европски фронт.

 

  • “Ние се произнесовме во делот на ситуацијата која беше настаната, односно за иницијатива за преиспитување на уставноста на законот за употреба на албанскиот јазик. Стоиме зад тоа дека Албанците се народ кои живеат претставуваат една добра третина во државата и се сериозен фактор во оваа држава. Ние знаеме добро како е донесен законот за јазиците и врз база на кои услови е донесен. Ние знаеме дека во 2001 година имавме воен конфликт којшто имаше потпишан Рамковен договор со присуство на меѓународен фактор којшто гарантира дека тоа што е потпишано договорот треба да се спроведе и почитува“ вели Ријад Шаќири од ВРЕДИ.

 

  • „Уставниот суд како прво не требаше да го задржи тој предмет во фиока толку години, требаше и порано да се произнесе. Уставниот суд треба секогаш да биде независно тело и орган кој ја гарантира уставноста и спроведување на законите во државата. Тука гледаме дека некако не функционирало тоа. Второ ние знаеме дека јаво беше кажано од страна на одредени членови на Уставниот суд беше кажано од каде се поставени и со чии предлози се поставени како уставни судии.  Рамковниот договор е гаранција за мирот и стабилноста во државата. Секој одговорен професионалец во областа која ја покрива треба да биде свесен каква одговорност презема при ваквите толкувања. Стоиме на тоа дека албанскиот јазик ќе биде јазик кој ќе биде користен како што бил користен досега во институциите во државата“ додаде Ријад Шаќири од ВРЕДИ.

Гледајте Топ Тема во 19 и 15 со Тамара Грнчароска на Телма

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе