Вести Македонија

Туфегџиќ: Со последните имиња на црната листа американската администрација испраќа посериозна порака

Со имиња на американската црна листа поврзани со судските предмети овој пат  се испраќа една поинаква и многу покомплексна и посериозна порака, смета адвокатот и поранешен судија Владимир Туфегџиќ. Во вечерашната Топ Тема на Телма, Туфегџиќ оцени дека тоа може да се забележи во начинот како е тоа беше соопштено од амбасадорката Агелер, и дополнителната изјава дека се разгледуваат и можности за дополнителни санкции.

Со ова, и начинот како е ова изнесено во јавноста, и притисокот кој се врши да се отворат конечно истражни постапки во нашата држава по однос на ова прашање, јасно говори дека американската администрација преку амбасадата овде одлучила да стави точка на потсмевањето на нивните црни листи. Не е никаква тајна дека јавноста веќе почна и да се потсмева со црните листи и имињата, дека всушност немаат никакво значење, дека тие се беспредметни, дека тие луѓе слободно функционираат, дека ставањето на црната листа нема апсолутно никакви последици, и некој отприлика решил да им прати порака, сега веќе на конкретни луѓе и лица, во оној американски стил „Вие сте никој“. Значи, нема никој да дозволи американската администрација да биде понижена овде во Македонија и да не се преземе апсолутно ништо за тоа што тие го работат, рече Туфегџиќ.

Од лично искуство, како поранешен судија, тој појаснува дека станува збор за цел систем и цел процес.

Јас како судија сум имал повеќе контакти со нивните емисари кои доаѓале овде како експерти и во смисла на реформи во правосудството итн. Тоа се луѓе кои постојано ги следеле судските процеси, се интересирале за одредени состојби, значи вредно ги запишувале и забележувале сите состојби. Предмет на анализа, претпоставувам, тоа што тие го забележале го испраќале понатаму. Тоа што нашите политичари, судии итн. во минатото имале една перцепција, и тоа преминало во навика, да ајде сега нешто ќе им испорачаме нешто, ќе седнат во партија и ќе се договорат и ќе кажат ајде нешто да им испорачаме на странциве, колку толку да им замачкаме очи, не сфаќајќи дека токму тие извештаи од тие луѓе кои се тивки и вредно ги забележуваат работите понатаму ги проследуваат и резултат на тоа после неколку години е токму ова, рече Туфегџиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе