Вести Свет

Макрон бара поширок политички договор за да именува нов премиер

Францускиот претседател Емануел Макрон бара политички договор што ќе му овозможи да назначи нов премиер и кој „ќе ја гарантира стабилноста на земјата“, откако премиерот Мишел Барние поднесе оставка, соопшти денеска француската Влада.

Портпаролката на владата во заминување, Мод Брејон, рече дека на Макрон му е јасно дека во моментов не постои „поширок“ политички сојуз од актуелниот меѓу неговите центристички сојузници и конзервативците од Републиканската партија, што нема мнозинство во парламентот, пренесуваат американските медиуми.

Брејон рече дека Макрон сè уште разгледува две опции, од кои едната е да најде начин да го „прошири сојузот“, сугерирајќи дека некои левичари би можеле да се приклучат на владата, заедно со центристите и конзервативците.

-Втората опција би била да се направи договор со опозициските партии од левицата, така што тие ќе се обврзат да не гласаат за недоверба, иако тие нема да бидат владејачки партии, рече Брејон.

Владината портпаролка посочи дека Макрон не дал никаков цврст рок за назначување на нов премиер.

Макрон од минатата недела имаше разговори со политичари од левицата и десницата, вклучително и социјалистичките лидери кои се појавија како клучни за напорите за формирање постабилна влада. Во дискусиите не беше вклучена екстремно десничарската партија Национален собир, предводена од Марин Ле Пен, ниту ултралевичарската партија „Франција непобедлива“ на Жан-Лук Меланшон, бидејќи Макрон сака да разговара само со поумерени политички сили.

Францускиот претседател минатата недела вети дека ќе остане на функцијата до крајот на мандатот, кој трае до 2027 година, а овој потег уследи по историското гласање за недоверба на владата, предизвикано од споровите за буџетот во Националното собрание.

Владата на Барние доби задача да се ги извршува само тековните работи до именување на нов премиер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе