Требало да се спроведе и јавно гласање, а не само јавна седница за избор на директор, се обиде да ги убеди судиите во управниот суд адвокатот на кандидатот за директор на академијата за судии и јавни обвинители, кој битката за директор ја загуби со еден глас разлика на јавна седница. Мнозинството челнови на управниот одбор на академијата се повлекле од јавноста, гласале, но, не се знае кој член за кого го дал гласот, што е спротивно на начелата на транспарентност и отчетност во работењето, смета тужителот Савески.
Но, за академијата која се најде во управна постапка, ваквиот начин на гласање со по имено соопштување на гласот не е никаде наведен. За академијата е спорно да се изрече времена мерка затоа што ќе запре работата.
- „Одредбата за избор на претседател на предвидува поименично, поедино гласање, туку само пропишува јавно гласање на јавна седница. Така што не е исполнет условот за издавање времена мерка додека трае постапката. Она што судот мора да го земе во предвид пред се и над се е јавниот интерес“, наведе правниот застапник на академијата за јавни судии и обвинители во постапката пред управниот суд“ изјавија од Академијата за судии и јавни обвинители.
Зошто беше избрана Ирина Трајкоска Стрезоски јавноста не можеше да слушне, но дури и да не е пропишано – објаснување треба да има, затоа што во судскиот систем образложението на одлуките е клучно за граѓаните да разберат и да веруваат дали е направен соодветниот избор, по изборот реагираа од Коалицијата „Сите за правично судење“.Медиумските архиви покажуваат дека претходниот избор, членовите на УО јавно кажувале за кого и зошто гласаат. Таков беше случајот и со последниот избор на Габер Дамјановска пред две години.
Павле Беловски