Вести Македонија

Волонтерството да се признае како работно искуство – граѓанските организации со апел до властите

Младите сакаат да волонтираат, но некој мора да ги насочи. Сметаат дека им недостасуваат информации, каде можат да се вклучат во волонтерски акции. Младите и граѓанските организации порачаа дека само со активни граѓани, може да имаме стабилно општество.

Побараа од властите да ги следат европските стандарди и волонтерството да се признае како работно искуство, а  при вработување овие млади луѓе да имаат предност.

Осумнаесет годишната Бојана Николова која веќе две години е волонтер во Здружението на акцијаши-волонтери „Патот на младоста“ во Штип им учествувано во акции за пошумување, чистење на езерата и одредени локации во земјава и соседна Србија. Таа заедно со 20 тина волонтери веќе работат на едукација на своите врсници.

Волонтирањето на младите им овозможува да создаваат нови пријателства, работни навики, емпатија, како и да бидат хумани. Според истражувањата  на Организацијата за афирмација на средношколците, само околу 17% од младите целосно се запознати со законските регулативи, а дури 64%  сметат  дека компаниите не го вреднуват волонтерството.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

За случаите со Бојан Христовски и Дрин Ахмети, обвинителството чека меѓународна правна помош – за Артан Груби истражуваат

Дејан Дејан

Расте бројот на заразени со грип, но во рамки на очекуваното за овој период од годината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе