Вести Свет

Претседателските избори во Романија како референдум за европската иднина на земјата

Рoманија би можела да го избере својот прв екстремно десничарски претседател в недела, на клучни избори за членката на ЕУ и НАТО што граничи со Украина.

Екстремно десничарскиот политичар Калин Георгеску, поранешен висок државен службеник, ја шокираше источноевропската нација со победата во првиот круг од претседателските избори на 24 ноември, наведуваат западни медиуми.

В недела, во вториот круг, тој ќе се соочи со Елена Ласкони, градоначалничката на еден мал романски град.

Се стравува дека под Горгеску, земјата, чие стратешко значење се зголеми по нападот на Русија врз Украина, ќе се приклучи на екстремно десничарскиот блок на ЕУ и ќе го поткопа европското единство по прашањето на Русија, кон која Букурешт покажа со прст поради мешањето во првиот круг на избори.

Исходот од вториот круг од претседателските избори се смета за референдум за идната надворешнополитичка ориентација на земјата, изјави Мариус Гинеа, политиколог од Универзитетот ЕТХ во Цирих.

Во пресрет на вториот круг, Ласкони истакна колку е голем влогот на овие избори во една од најголемите земји-членки на ЕУ, со околу 19 милиони жители.

Новинарката кој стана политичар предупреди дека земјата се соочува со „егзистенцијална битка“ и „историски конфликт“ меѓу оние кои сакаат да ја „зачуваат младата романска демократија“ и оние кои сакаат „да се вратат во руската сфера на влијание“.

Анкетите, кои не успеаја да го предвидат успехот на Георгеску во првиот круг, сега му даваат 58 отсто поддршка, а на Ласкони 42 отсто.

Откако во минатото го пофали рускиот претседател Владимир Путин, 62-годишниот Горгеску сега избегнува да одговара на прашања за неговата проруска ориентација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Министерството за финансии денеска исплати еврообврзница издадена во 2018 година во износ од 500 милиони евра

Дејан Дејан

Часови го делат Трамп од враќање во Белата куќа – уште првиот ден најави стотици извршни наредби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе