Вести Свет Топ вести

Фабриката која ги произведуваше Моцарт топчињата го запре производството

Фабриката „Мирабел“ во гратчето Грудиг кај Салцбург денеска, по повеќе од еден век, го запре производството на Моцарт топчињата, шест месеци по најавата на производителот на кондиторски производи „Салцбург чоколада“ дека ќе престане со работа.

Машините, кои од денеска се во мирување, нема да останат долго во Гродиг, со оглед на тоа што се продаваат на купувачи ширум светот, објави австрискиот портал Puls24.

„Најдовме околу 30 различни купувачи. Машините се продаваат во Европа, надвор од Европа до Египет и Маурициус“, изјави за генералниот директор Фридрих Плаил.

Сопственикот на американскиот бренд Монделез ќе продолжи да произведува топки Мирабел Моцарт, но не се знае каде. „Моцартовите топчињата“ ги измислил слаткарот од Салцбург, Пол Фурст во 1890 година. Слаткарницата во Салцбург постои и денес и сега е петта генерација што ги продава оригиналните салцбуршки „Моцарт топки“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен не најде дискриминација кај судијата Димовски

Дејан Дејан

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе