Вести Македонија Топ вести

Низок обид за манипулација – Тошковски за интерпелацијата од ДУИ

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оцени дека интерпелацијата што ја поднесе опозициската ДУИ за неговата работа е „низок обид за манипулација на јавноста“, истакнувајќи дека Собранието ќе постапи како што смета.

„Македонскиот граѓанин, македонскиот народ многу добро знае што стои зад оваа интерпелација од аспект на нивно барање. Нека им е со среќа. Собранието ќе си постапи во насока на она што смета. Јас искрено сметам дека ова е еден низок обид за манипулација на јавноста“, рече министерот Тошковски по средбата со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ.

Пратеничката група на Европскиот фронт вчера поднесе интерпелации за министерот Тошковски и неговиот заменик Астрит Исени кои, како што велат, се главно одговорни за инцидентите на Денот на албанското знаме.

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети на прес-конференција рече дека Тошковски и Исени, на денот на празникот на албанското знаме, како одговорни лица, ѝ наредиле на полицијата на невиден и неоправдан начин да интервенира, спречувајќи мирна и традиционална манифестација на Албанците.

„Оваа интервенција предизвика непотребни тензии и ја поткопа атмосферата на мир и меѓуетнички соживот. Полицијата наместо да го одржува јавниот ред и да ги почитува правата на граѓаните да го прослават овој ден, поттикна конфронтации и ескалација на тензии. Ова неменаџирање на ситуацијата настана поради неспособноста и непрофесионалноста на министерот за внатрешни работи и неговиот заменик“, рече Беџети.

Опозициската ДУИ поднесе интерпелации и за вицепремиерите Изет Меџити и Иван Стоилковиќ и достави барање на наредната седница на Собранието на дневен ред да биде ставена информација безбедносната состојба во земјата.

МВР во врска со овие настани досега има уапсено 18 лица  од кои четоврица се во притвор, за 10-тина има покренато прекршочни постапки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сите станари од опожарениот дом во Чемерско се стабилни во болницата во Кавадарци – очекуваат да ги земат најблиските

Дејан Дејан

Завршија тендерите за над 200 проекти, општините конкурирале за 288 за средства од првата транша на унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Се намалува бројот на ученици во второто полугодие – 74 се отпишале во Тетово, 27 во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе