Вести Македонија

Ќе има одговорност за училишната приредба во Челопек со воени униформи на УЧК и пластични пушки – просветните инспектори утврдија неправилности

Извештајот од надзорот на Државниот просветен инспекторат е готов и констатирани се неправилности во основното училиште „7 Март“ во Челопек.

Инспекторите процениле дека детската приредба на која ученици биле облечени во воени униформи со амблеми на УЧК и парадирале со пластични пушки не требало да се случи во таков облик. Сега одговорност ќе понесе дел од кадарот.

Контроли се извршени и во други две училишта каде што имало слични активности.

Извештајот за надзорот во Челопек е готов. Инспекторите утврдиле неправилности поради што одговорност ќе понесе една од наставничките која била организатор на приредбата. Секако за тоа ќе биде информиран и директорот и градоначалникот за да постапат по закон. Ќе спроведеме обука соживот, мултикултурализам, мултиетничност и за тоа ќе побараме поддршка и од ОБСЕ, кажа Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Прославите коишто се случија во Скопје и други градови, на Денот на албанското знаме донесоа неколку инциденти. Се пеплосаа и сквернавеа знамиња, а полицијата приведе неколку лица и за тепачка. Уапсени се вкупно 18 лица.

Мотивите и организаторите на нередите сѐ уште не се во целост познати, но ова не се изолирани инциденти информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во врска со запалените деловни објекти и имот во Куманово, ден по прославата на Денот на албанското знаме, Тошковски вели дека не може да изнесе конкретни информации во фаза на предистрага, но дека станува збор за добро организирана група.

Соодветно, навремено и одговорно како Министерство за внатрешни работи и го истражуваме сето тоа коешто е поврзано со овие настани, во насока на тоа дали и како истите се случија. Мораме да работиме. Само на таков начин можеме да си ја направиме оваа наша убава Македонија да биде уште поубаво парче земја каде што сите ќе се гордееме со нејзе. А, не вака да се срамиме од нашите помлади сограѓани, вели Панче Тошковски, министер за внатрешни работи.

Вчера, опозициските пратеници од албанскиот блок прашаа „кој стои зад сценариото за дестабилизација?!“. Тврдат дека власта намерно се обидува да создаде клима на тензија.

Европскиот фронт поднесе барање за интерпелација на четворица министри – Панче Тошковски и Астрит Исени од МВР, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и Иван Стоиљковиќ кој е задолжен за односи помеѓу заедници.

Тошковски возврати дека тоа е низок обид за манипулација на јавноста и им порача на ДУИ „нека им е со среќа оваа интерпелација“.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе