Вести Македонија

Работилница дел од општествената кампања на Макпетрол „Крени глас – Стоп за булинг“ во Општина Кисела Вода

Родителите од Општина Кисела Вода вечер имаа можност да разговараат и да се запознаат со проблемот со врсничкото насилство во рамки работилница која е дел од општествена кампања на Макпетрол „Крени глас – Стоп за булинг“ во основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“.

Ова е шестта едукативна средба, а за стручниот аспект на темата, со родителите дискутираа психологот Деспина Стојановска и Борче Миревски директорот на училиштето „Кирил Пејчиновиќ“. Ваквите едукативни средби на децата и на учениците им обезбедија можност да се стекнат со знаења за булингот.

За нив, но и за нивните родители и наставници, компанија Макпетрол испечати и достави прирачници за полесно справување со овој сериозен проблем.Работилницата во Кисела Вода доаѓа по петте претходни настани организирани во Карпош, Аеродром, Центар, Куманово и во Кочани, каде што учествуваа и граѓани од Виница и Берово.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе