Вести Свет

Над 100.000 луѓе се откажале од државјанството на БиХ во последните 25 години

Во последните 25 години, од државјанството на Босна и Херцеговина (БиХ) се откажале повеќе од 100.000 граѓани, главно за да добијат државјанство на некоја западноевропска земја, најчесто Германија и Австрија.

„Од 1999 година, 101.413 граѓани се отпишале од книгата на државјани на БиХ“, соопштија од Министерството за цивилни работи на БиХ за бањалучкиот весник „Независне новине“.

Во последните 10 години, 37.294 лица се откажале од државјанството на БиХ, додека 6.806 лица го стекнале.

Таксата за откажување од државјанството изнесува 800 конвертибилни марки (околу 400 евра), освен за оние кои стануваат државјани на земјите од поранешна Југославија, кои плаќаат 200 марки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставен не најде дискриминација кај судијата Димовски

Дејан Дејан

Расправа за ребеланс на буџет

Дејан Дејан

Прегазен на пешaчка патeка пред владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе