Исчезнато, па пронајдено 12-годишно дете од Штип го крена градот на нозе. Штипјани преку социјалните мрежи споделуваа апели за нејзино пронаоѓање, а случајот за нејзиното исчезнување бил пријавен и во полиција, ни потврдија од СВР Штип.
Неколку часа подоцна преку социјалните мрежи се појави веста за нејзиното пронаоѓање. Засега нема информации каде било девојчето додека полицијата трагаше по нејзе.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.