Катамаранот „Задарскиот принц“ вчера се насука на карпата кај Крилијан на островот Премуда во Хрватска. На бродот имало многу патници кои оделе на продолжен викенд на хрватските острови. Островјаните од Премуда веднаш реагирале и дошле со чамци да помогнат во спасувањето на патниците.
Засега нема официјални податоци за повредени и за штетата на катамаранот. Надлежните на Капетанија на пристаништaта во Задар на местото на поморската несреќа вршат истрага за причините несреќата.
Бродската компанија Јадролинија го испрати бродот „Владимир Назор“, кој ќе ги собере патниците на островот Премуда и ќе ги префрли во Задар.