Инвестиција тешка околу една милијарда евра за изградба на когенеративна централа најави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање околу решавање на проблемот со загадениот воздух.
Средба во Владата со потенцијалните инвеститори ќе се одржи денес но нема потврда дали станува збор за грчки „Митилинеос“, кој веќе изрази подготвеност за ваков проект при преговорите со претходната Влада предводена од Ковачевски.
Премиерот Мицкоски опотенцираше дека сега условите би биле други, нема да има повластена цена и специјални закони како во случајот со грчката компанија и дека државата би била косопственик.