Вести Македонија

Директорите си ја зголемиле платата за 50 отсто, поштарите на минималец- констатира ДЗР

Вработените во Македонска Пошта со месеци штрајкуваа за неисплатени и нередовни ниски средства, директорите во септември минатата година незаконски си покачиле плата, додека акционерското друштво е загубар со милионски долгови. Ова го констатирале државните ревизори кои утврдиле и низа неправилности во работењето.

„Во септември 2023 година и покрај континуираниот негативен финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор  за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва. Според законот “во случај на намалена добивка или значително влошена финансиска состојба на друштвото, надоместокот на плата и другите бенефиции, предвидени во менаџерскиот договор може да се намалат“, велат од државен завод за ревизија.

И граѓаните и фирмите незадоволни поради ненавременото доставување на пратки, ревизорите со анализа -поштарите ретко ѕвонеле на врата.

„Во 2023 година, 59,7% од пратките биле  доставени во првиот ден, додека 30,5% биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од целите поставени од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75% и максималниот стандард од 88% за успешно и навремено доставени пратки“, велат од државен завод за ревизија.

Од синдикатот на пошти пак, очекуваа новата Влада да ја прифати новата систематизација скроена од синдикатот и вработените. Алармираа и дека претпријатието кое работи повеќе од 20 години и е под капата на Владата е оставено на цедило а вработените сами да се борат за опстојување.

„Се доведовме до ситуација да имаме еден шеф на еден работник“, вели Боро Велигденов синдикат на Македонска пошта (18.03.2024).

Ревизорите уврдиле и неправилности при пополнување на работните места, пресметката на платата, надоместоците и наградите за вработените.

Инаку според извештаите на финансии кои се објавуваат секој квартал АД македонска пошта се наоѓа и на листата со загуби и на онаа со долгови.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе