Вести Македонија

Зоолошката градина повторно ги отвори вратите за посетителите

Зоолошката градина повторно ги отвори вратите за посетителите. Различни генерации решија да го искористат убавиот есенски ден за да ги посетат своите омилени животни.

Детски џагор, насмевки, растрчани деца и родители кои треба во истиот миг да ја решат дилемата што попрво да се види, ваква беше сликата денес во зоолошката градина во Скопје која беше затворена за посетители 21 ден поради потврден случај на птичји грип. Секоја посета на ова место за нас е носталгија велат родителите, за некои пак зоолошката градина е повод да се посети Скопје и да се одбере место во кое децата ќе уживаат, но и возрасните.

21 ден бевме затворени, но деновите ги искористивме многу продуктивно, со реновирање на ситни работи по живеалиштата затоа што доаѓа зима и ги преземавме сите протоколи кои ни беа наложени, вели Маја Дојчиновска која е зоо неговател веќе 14 години . Радоста од средбата беше взаемна, затоа што голем број животни се речиси навикнати да бидат барем за викендите со посетителите.

Животните тука се навикнати на посетителите, дури имаме и многу редовни посетители кои животните мислам дека некогаш и ги препознаваат. Навикнати се на гужва на луѓе и сето тоа им недостасува, нашите живеалишта се огромни, по сите стандарди така што животното и ако има гужва може да си има своја приватност.  И за нас вработените и за животните оваа тишина беше невообичаена. – изјави Маја Дојчиновска, ЗОО негувател

Во текот на изминативе денови додека беше затворена зоолошката градина се извршени повеќратни дезинфекции на локациите каде што имало можност за слетување на диви птици и локацијата околу езерцето каде што беше пронајдена угинатата птица кај која беше потврден птичји грип.

За цело време вршена е опсервација од страна на стручните лица кои ги има во зоолошката и од страна на надлежниот официјален ветеринар. На здравствената состојба на останатите животни, првенствено на птиците и за цело време не се појавија знаци на болеста. –изјави Симо Костов, раководител на државна инспекција за здравствена заштита на животните -АХВ

Според Костов нема никаков простор за паника и вознемиреност за сите оние кои сакаат да ја посетуваат Зоолошката градина, сепак останува препораката да се избегнуваат контакти со хранење на птиците во зоолошката, и тоа особено важи за водените птици во парковите, додава Костов. Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот- земале мито за судењата на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе