Вести Македонија

Со најава за 100.000 засадени дрвја dm дрогерие маркт успешно ja започнува третата година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Новиот циклус на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ официјално започна денес, со акција во која беа засадени повеќе од 300 нови садници во „Рајски парк“ во Скопје – о. Аеродром. Во позитивна атмосфера полна со ентузијазам, прекрасна дружба и заедничка еко акција, компанијата уште еднаш ја потенцираше важноста на пошумувањето и директно ја покажа својата заложба за зачувување и обновување на зелените површини во земјава, изјави Кристина Дуранска – Менаџер за маркетинг и комуникации во dm дрогерие маркт во Македонија. Во акцијата беа вклучени вработени од компанијата, волонтери од повеќе здруженија, институционални партнери, како и медиуми и инфлуенсери кои ја покажаа својата екосвест и ја дадоа својата поддршка.

 

За проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, за оваа година компанијата dm дрогерие маркт одвои повеќе од 1.200.000 денари донација, во форма на набавка на садници и техничка опрема.

Дрогерискиот синџир овој проект го започна во 2022 година, а преку своите досегашни активности засади околу 60.000 нови садници. До крајот на оваа сезона на пошумување компанијата ќе достигне јубилеен број од 100.000 засадени дрвја.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе