Вести Свет

Две лица загинаа во руско гранатирање на Купјанск

Две лица загинаа, а едно е повредено во руски воздушен напад врз Купјанск во областа Харков, соопшти регионалното обвинителство во Харков.

– Предкривичната истрага утврди дека вооружените сили на Русија денеска околу 11 часот извршиле воздушен напад врз градот Купјанск. Како резултат на гранатирањето, двајца случајни минувачи – маж и жена – паднале на жици од електрична мрежа. Избувнал пожар, а лицата починале на лице место. Деталите се утврдуваат. Најверојатно окупаторите го погодиле градот со прецизно наведувани бомби КАБ-1500, се вели во соопштението објавено на Телеграм.

Се додава дека во нападот биле оштетени приватни куќи и катни згради, комунални простории, уништени се 15 гаражи, а повреден е 61-годишен маж.

Обвинителството покрена истрага за кршење на законите и обичаите на војната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе