Вести Македонија Топ вести

Дебата за потенцијалите на Македонија и развој на екотуризмот на Форумот за еко туризам

Раскошна природа,  национални паркови, природни езера, реки, кањони, но и историски споменици и локации. Македонија ги има сите потенцијали да стане земја на екотуризам. Експертите велат дека станува збор за една исклучително значајна и брзорастечка економска гранка во светот, која  има повеќекратни придобивки. Покрај придвижување на локалната  економијата, екотуризмот помага во подигање на еколошката свест и  се грижи за заштита на животната средина.

-Екотуризмот води сметка за тоа да еко туристите имаат што помалку влијание на околината, што помала да е емисијата наCO2, а од друга страна се генерираат големи економски бенефити. Најбрзо растечеки сегмент од туризмот е еко туризмот. Македонија е туристички неотркриена дестинација, има многу содржини погодни за екотуризам, вели проф.др Орце Симов,  потпреседател на Сојуз на стопански комори на Македонија .

И во Хрватска екотуризмот се развива токму во заштитените подрачја,а дел од него се и малите  семејните бизниси, велат од Хрватската асоцијација за туризам и рурален развој

-Тоа се семејните земјоделски стопанства кои се еколошко сертифицирани производители и кои се регистрирале дополнителна дејност – туризам. Кај нас се повеќе се развиваат тие рурални подрачја, а одлични носители на екотуризмот се заштитените подрачја, националните паркови и паркови на природата и други форми на заштита, ,токму затоа што има професионален кадар, но од друга страна затоа што имаме можност за големи ЕУ средства за одржливо управување, вели Дијана Катица –Претседател на Хрватска асоцијација за туризам и рурален развој .

Кај нас, иако во  изминатиот период извршено е  позитивни  влијание за   етаблирање  на овој сегмент од туризмот, но потребно е уште многу работа.

На  петтиот Форум за еко туризам  што се одржа денеска во Скопје експертите дебатираа за потенцијалите на Македонија и што и недостига на земјава за развој на екотуризмот.

ЕМИЛИЈА МИСИРЛИЕВСКА

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе