Се уште нема договор за средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и неговиот бугарски колега, Румен Радев во рамки на самитот на Европската политичка заедница на кој и двајцата присуствуваат денеска во Будимпешта.
Во пресрет на самитот, на кој учествуваат 47 шефови на држави и влади од Европа, како и делегација на ЕУ, се појавија информации дека домаќинот, унгарскиот премиер Виктор Орбан ќе им организира средба на Мицкоски и Радев, на што и премиерот изјави дека е подготвен за разговори.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.