Вести Свет Топ вести

Фокус на Самиот во Будимпешта е позицијата на Европа да стане целосно независна сила во иднина

Европската политичка заедница на самит во Будимпешта – како да се позиционра Европа по победата на Доналд Трамп

Безбедносните предизвици, миграцијата, глобалната трговија, економската стабилност се теми на дневен ред на петтиот самит во на Европската политичка заедница во Будимпешта. Настанот ги обедини лидерите на 50 земји, вклучувајќи ги лидерите на земјите членки на Европската Унија, но и други држави како Велика Британија,Турција и Украина. Во фокусот се обидите за изнаоѓање на одговор како Европа ќе се позиционира по изборната победа на Доналд Трамп.

Домаќинот Виктор Орбан, ги даде забелешките и потенцираше дека опасностите и предизвиците ги засегаат сите, а одговорите кои денеска ќе се дадат ќе ја одредат иднината на Европа.

  • „Се сретнавме денес затоа што веруваме дека опасностите и предизвиците не засегаат сите нас. Одговорите дадени денес ќе ја одредат иднината на Европа со децении напред. Веруваме дека заедно можеме да бидеме посилни отколку сами. Европската безбедносна архитектура е неизбежен елемент на иднината на нашите трансатлантски односи“ Виктор Орбан, унгарски премиер.

Макрон рече европските лидери не треба да ја коментираат победата на Трамп, туку како да се одбранат интересите на Европејците. Според францускиот претседател Европа не треба да остане статична пред Кина и САД и ги повика своите колеги да преземат акција за да се осигураат дека Европа ќе стане целосно независна сила.

  • „Како и многумина, вчера имав можност да разговарам со  новоизбраниот претседател Доналд Трамп, некои од нас тука го познаваат од неговата претходна функција од пред четири години. Му честитав, но во основа мислам дека нашата улога овде, во Европската Унија, не е да го коментираме изборот на Доналд Трамп, и да се прашуваме дали е добар или не. Тој е избран од американскиот народ и тој ќе ги брани интересите на американскиот народ и тоа е легитимно ѝ е добра работа. Прашањето е дали сме подготвени да ги браниме интересите на Европејците? Тоа е единственото прашање што треба да си го поставиме. И според мене мислам дека тоа е наш приоритет“ изјави Емануел Макрон, француски претседател.

Урсула фон дер Лајен рече дека односите со новата американска администрација ќе бидат позитивни и засновани на заеднички интереси.

  • „Европа е во неизвесност. Додека многумина стравуваат, а малку се радуваат по изборните резултати во САД, официјален Брисел е во исчекување на првите потези од Вашингтон. За време на кампањата, Трамп се закани со трговска војна со Европска Унија, повлекување од обврските кон НАТО, но и суштинско намалување на подршката кон Украина. Дилеми кои би можеле да имаат сериозен удар за стариот континент“ изјавина Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Владината криза во Германија дополнително ја влошува ситуација, откако германскиот канцелар Олаф Шолц го отпушти својот министер за финансии и повика на гласање за доверба на актуелната влада на 15 јануари наредна година. Тоа ја зголемува неизвесноста  за предвремени избори во март каде се очекува ЦДУ да направи голем повраток.

27-те земји од блокот на Европската унија ќе се состанат на посебен самит веднаш штом другите лидери од Обединетото Кралство, Турција и Балканот ќе си заминат вечерва.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе