Балкан Вести Најважни Свет

Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ: Се бара одговорност за трагедијата на железничката во Нови Сад

Денеска е трет ден од тридневната жалост поради несреќата која се случи во Нови Сад откако се урна настрешница на железничката станица во која загинаа 14 лица, а три лица се уште се во критична состојба.

Опозициското движење „Крени-Промени“ поднесе кривична пријава против Александар Вучиќ, Ана Брнабиќ и српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Кривичните пријави против функционерите се поднесени затоа што подносителите сметаат дека треба да се утврди целиот синџир на одговорност кој доведе до трагедијата.

Поднесени се и повеќе кривични пријави против непознати сторители поради сомневање за коруптивни дејствија поврзани со реновирањето на станицата.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад претходно сослуша 26 лица, а ќе распита дополнителни 14 лица во истрагата за уривањето на настрешницата.

Документите и проектната документација за реконструкција на Железничка станица се одземени од истражителите.

Според истрагата, властите тврдат дека настрешницата што се урнала никогаш не била дел од реконструкцијата на станицата. Реконструкцијата беше завршена во јули годинава, меѓутоа, според јавно достапните документи покажуваат дека настрешница е обложена и се поставени нови мермерни плочи.

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, изјави дека не се сомнева дека ќе се утврди политичка одговорност за трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, и истакна дека власта во последните десет години никогаш не бегалa од одговорност.

Геолошкиот инженер Зоран Ѓајиќ, кој ја надгледуваше реконструкцијата на Железничката станица во Нови Сад до март 2023 година, изјави дека изразил загриженост во врска со безбедноста на настрешницата на станицата. Тој упатил бројни предупредувања до властите, кои го игнорирале неговиот апел вклучително и потребата да се отстранат фасадните панели за да се провери нивната состојба.

Во извештајот на инженерот, стои дека зад еден од панелите недостасуваат делови од бетон, а на местото на бетонот „биле наполнети стуткани цементни кеси за да се намали количината на употребениот бетон“.

Улиците на Белград  беа полни со демонстранти кои оставија црвени отпечатоци од раце на влезовите на владините згради кои бараа одговорност и оставки од Властите. Демонстрантите побараа оставка од Горан Весиќ министерот за градежништво и инфраструктура, затоа што според нив тоа е негова одговорност.

„Она што денеска го посочивме е одговорност, одговорност на оние што седат во Владата и министерствата кои се одговорни за трагедијата што се случи. Нашето барање е Горан Весиќ поднесе оставка затоа што тоа е негова одговорност и затоа што тоа се случува во нормални земји. Доколку не го сторат тоа, луѓето во Нови Сад, политичките организации и партии и граѓаните најавија радикална акција“ изјави Иван Бјелиќ, активист и демонстрант.

Железничката станица во Нови Сад првично беше изградена во 1964 година, потоа двапати реконструирана од страна на две кинески фирми. За надзорот била задолжена унгарска фирма. Станицата беше повторно пуштена во употреба во јули годинава, но делот на настрешницата никогаш не беше реновиран.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе