Знамињата во Србија се спуштени на половина копје по прогласување на национална жалост по трагедијата во Нови Сад каде загинаа 14 луѓе.
Ова е еден од најтешките денови во поновата историја на Нови Сад, вториот по големина град во Србија. Градот прогласи тродневна жалост.
На улиците во Србија и пред железничката станица луѓе масовно излегоа да запалат свеќи за загинатите во несреќата. Долги редици можат да се забележат и пред Центарот за трансфузиологија во Нови Сад за донирање на крв за повредените лица.
Во несреќата загина и 45-годишниот македонски државјанин Васко Саздовски. Несреќата се случи кога натстрешницата пред железниката станица се откачи и падна врз луѓето кои беа пред влезот на железничката станица во Нови Сад.
View this post on Instagram