Се додека надлежна институција не ја докаже вистинитоста на сомнежите во јавноста, не може да има прекин во постапката за избор на новиот директор на АНБ за асистент на факултетот за безбедност, поради сомнежите за јазичниот сертификат, иако тоа е еден од општите услови, појасни во разговор за Топ Тема проф.д-р Светлана Николовска, претседател на рецензентската Комисија.
Ако Христовски помине во жалбениот процес, кој не е поврзан со сертификатот, само од членовите на Наставно научниот совет зависи дали ќе биде избран за асистент, вели Николовска.