Зиадин Села, по налог на Али Ахмети два дена се обидува да го прикри нивниот пораз. Делуваат крајно несериозно најавите дека тие ќе предложат Закон за правична застапеност, се вели во соопштението од ВРЕДИ.
- Одлуката на Уставен Суд за замрзнување на Балансерот е уште една потврда дека ДУИ наместо да ги ползува функциите во Владата со делегетимираниот СДСМ, за системско решавање на статусот на Албанците, се посвети на грабеж на народните пари и лично богатење, реагираат од коалицијата на власт.
Според ВЛЕН, Уставниот Суд, чиј актуелен состав е изгласан токму со гласовите и влијанието на ДУИ, ја замрзна употребата на Балансерот, што преставува уште еден програмски и кадровски пораз на политиките на ДУИ.
Потсетуваат дека во изработка е Закон за правична застапеност, кој ќе биде ставен на увид на експертската јавност. Според ВРЕДИ замрзнувањето на Балансерот нема да спречува вработување на Албанците во органите на државна управа и во овој период на правен вакум, бидејќи тоа е еден од принципите на Охридскиот Рамковен Договор и Уставна категорија.
ДУИ: Со ВРЕДИ во Владата веќе нема вработувања за Албанците
Јавните предупредувања за деалбанизација на државата, сега во пракса ги реализира оваа моноетничка власт во која се и губитниците на изборите или нарушувачите на албанскиот легитимитет. ВРЕДИ ги затвора очите и дозволува уништување на најважните достигнувања на Албанците последните две децении по ред, од војната во 2001 година, велат од ДУИ.
Демократската Унија за Интеграција ја изразува својата загриженост во врска со последната одлука на Уставниот суд да започне постапка за оцена на уставноста на одредбите кои се однесуваат на „етничката припадност“ во контекст на вработувањето во јавниот сектор.
Оценуваме дека оваа одлука директно ги прекршува клучните одредби од нашиот Устав и ги загрозува темелите на нашето мултиетничко општество изградено со големи тешкотии.
Со оваа одлука се нарушува правичната застапеност на Албанците во државните институции, односно нема повеќе вработување за Албанците.
Поради тоа, ДУИ апелира за итно преиспитување на оваа одлука, со цел да се заштити интегритетот на уставниот поредок и да се обезбеди принципот на правична и соодветна застапеност да остане ефективен и применлив во пракса.