Неколку лица, најверојатно малолетници, нападнале малолетник од Скопје, неофицијално инцидентот се случил во близина на училиштето „Зеф Љуш Марку“ во скопската населба Бутел.
Според полицискиот извештај на 17.09.2024 пријавено е дека во близина на училиште во Скопје малолетник од Скопје бил нападнат со остар предмет од неколку лица, најверојатно малолетници. Лицето е пренесено во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.