Вести Македонија

Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клини и здравствени домови

Од извршените целосни финансиски контроли во 24 Јавни здравствени установи, за 2023 година, кај 19 се утврдени неправилности во делот на контролата на спроведувањето на постапките за јавни набавки, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

На денешната прес-конфренција тој информираше дека контролите кои се спроведени од страна на институциите во Јавните здравствени установи и клиниките лоцирале повеќе неправилности.

– Контролите кои се спроведени од страна на институциите во ЈЗУ и клиниките ставаат на површина факти дека СДСМ и ДУИ во здравството гледале бизнис. Злоупотребувани се јавните набавки во ЈЗУ и клиниките. Покрај матните тендери на Филипче на централно ниво, за кои јавноста е запознаена, злоупотреби се правени низ поголемиот број на ЈЗУ, информираше тој.

Лоцираните неправилности кои ги наведе се во УК за максилофацијална хирургија – Скопје, Здравствен дом – Гостивар, Здравствен дом – Ресен, Здравствен дом – Струга, УК за урологија – Скопје, УИ за радиологија – Скопје, УК за нефрологија – Скопје, УК за психијатрија – Скопје, Клиничка болница – Тетово, Здравствен дом – Делчево, Здравствен дом – Демир Хисар, Институт за јавно здравје – Скопје, Општа болница – Струга, Здравствен дом – Велес, Општа болница – Струмица, Општа болница со проширена дејност – Дебар, Центар за јавно здравје – Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ – Охрид, Здравствен дом – Пробиштип.

-Неправилностите во здравството, го метастазирале системот. Злоупотребите излегуваат на површина, одговорност ќе има, рече пратеникот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три лица загинаа по пад со автомобил во Бадовачко Езеро – тешка сообраќајна несреќа на патот Гњилане – Приштина

Дејан Дејан

Тинејџер избоден 50 пати со нож и жив запален во Марсеј – невидена суровост во Франција

Дејан Дејан

Кенијците Чемвоно и Џеруто победници на Скопски маратон, Поп Арсова втора кај девојките, Ивановски трет кај мажите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе