Вести Свет

Хутите истрелаа ракета која за прв пат стигна до централен Израел, во нападот нема повредени

Утрово Хутите, кои го контролираат северниот дел на Јемен, истрелаа ракета која првпат стигна до центарот на Израел, погодувајќи ненаселена област, пренесува Ројтерс.

Сирените за воздушен напад се огласија во Тел Авив и низ централен Израел неколку моменти пред проектилот да ја погоди областа, а жителите успеале да се евакуираат во засолниште.

„По сирените што неодамна се огласија во централен Израел, беше идентификувана ракета земја-земја која премина во централен Израел од исток и падна на отворен простор. Не е пријавено дека некој е повреден“, соопштија од армијата.

Заменик-шефот на медиумската канцеларија на Хутите, Насрудин Амер, во објава на „Х“ изјави дека јеменската ракета стигнала до Израел откако „20 проектили не успеале да ја пресретнат“ и дека ова е само „почеток“.

Во соопштение на Телеграм, групата рече дека наскоро ќе објави детали за „квалитативната операција насочена длабоко во ционистичкиот ентитет“.

Ова е првпат Хутите да навлезат длабоко во израелскиот воздушен простор со проектил. Тие лансираа проектили кон Израел неколку пати од почетокот на војната во Газа минатиот октомври, но повеќето од нив беа соборени.

Во јули, беспилотно летало стигна до Тел Авив, при што загина еден маж, а четворица беа повредени. Нападот го поттикна Израел да изврши голем воздушен напад врз воени цели на Хутите во близина на јеменското пристаниште Ходеида, при што загинаа шест лица, а 80 беа повредени.

Израелската армија, исто така, објави дека утрово биле истрелани 40 проектили од Либан кон Израел и биле пресретнати или паднале на отворен простор.

Нема пријавени повредени“, соопштија од армијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе