Вести Македонија

Меџити: Нема да одиме таму каде што сака да не поведе деструктивната опозиција

Предлог-законот за бранителите е една од иницијативите на деструктивната опозиција ДУИ, и во случајов злоупотребената СДСМ, бидејќи истиот СДСМ до вчера се бореше за граѓански концепт, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити и додаде дека нема да одат таму каде што сака да ги поведе опозицијата.

Владата, како што кажа, ќе додели милијарда евра за решавање на конкретни реални проблеми на сите општини и на сите граѓани во државата, и нема да и бидат приоритет такви прашања и воедно нема да дозволи да одиме таму „каде што сака да не поведе деструктивната опозиција“.

-Во тие осум години додека беа на власт немаа вакви иницијативи за бранителите. До вчера се тепаа за граѓански концепт, имаа албански гласачи, имаат во своите структури и високи функционери Албанци, така што дилемата е зошто им е потребна оваа иницијатива на СДСМ да забега во краен национализам. Но, и оваа тенденција ќе биде како и сите други неуспешни иницијативи за дестабилизација само да се избегне одговорноста, рече Меџити во одговор на новинарско прашање на „Отворените денови“ на InfoTech Academy.

Прашан дали ВРЕДИ ќе го поддржи законот за бранители, Меџити рече дека во фокусот на Владата е борбата против корупција.

-Фокусот на оваа Влада е борбата против корупцијата која што е канцер за ова општество. Таа борба ќе биде бескомпромисна за враќање на довербата во судството, а главниот  фокус ќе биде и економски развој и стандардот на граѓаните со посебен осврт на децентрализацијата, потенцира Меџити.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе