Поголем број градови во Чешка беа погодени од силен дожд и поплави.
Чешките власти подигнаа бариери и заштитни ѕидови од вреќи со песок, додека водата се ослободуваше од браните за да се направи простор во резервоарите.
Жителите се предупредени да се подготват за можна евакуација.
Некои јавни настани планирани за викендот се откажани на барање на властите, вклучително и фудбалски натпревари во првите две лиги.
„Мораме да бидеме подготвени за најлошите сценарија“, рече премиерот Петр Фиала по состанокот на централниот кризен комитет на неговата влада. „Ни претстои тежок викенд“ додават тој.
Метеоролозите велат дека системот со низок притисок од северна Италија се предвидува дека ќе испушти многу врнежи во повеќето делови на Чешка, вклучувајќи го главниот град и пограничните региони со Австрија и Германија на југ и Полска на север.
Централноевропејците се особено претпазливи бидејќи некои експерти ја споредија прогнозата за викендот со разорните поплави во 1997 година во регионот, кои некои ги нарекуваат поплава на векот.
Над 100 луѓе загинаа во поплавите пред 27 години, вклучително и 50 во источна Чешка каде беа поплавени големи делови од земјиштето.
Најголеми врнежи беа предвидени во источната половина на земјата, особено во планините Јесеник.
Вториот по големина град Брно, кој се наоѓа во источна Чешка, е меѓу местата каде што не се завршени работите за заштита од поплави, за разлика од Прага.
Од Чесите беше побарано да не одат во паркови и шуми бидејќи се предвидуваа силни ветрови до 100 километри.
(ФОТО) Пет лица загинаа во поплави во Романија, невремето се проширува кон средна Eвропа