Вести Македонија Топ вести

Владата го именува новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија

Владата на затворена седница го именувала новиот состав на Комисијата за историски прашања со Бугарија, објавуваат дел од медиумит. Според информациите, за претседател на комисијата владата го назначила Ванчо Георгиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Георгиев доаѓа на местото на Драги Ѓоргиев од чија работа новата Влада не беше задоволна. Георгиев беше член и во претходниот состав на комисијата, но се повлече од неа поради како што рече тогаш, притисокот што го правела тогашната Влада.

Во новиот состав на комисијата, според Нетпрес се: Александар Литовски и Митко Панов, двајцата научни соработници при Институтот за национална историја, Никола Минов, вонреден професор на Филозофскиот факултет во Скопје, Сашо Додевски, насловен доцент избран на Филозофскиот факултет во Скопје, Бесник Емини, виш научен соработник на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Димитар Љоровски, научен советник при Институтот за национална историја во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе