Портпаролот на Европска Унија, Петер Стано денеска изјави дека Белград и Приштина се обврзни да го имплементираат Охридскиот договор.
Договорот е правно обврзувачки и двете страни се обврзани да го спроведат. Договорот наведува дека тој станува дел од нивниот пат за пристапување во ЕУ, посочи Стано.
Претходно, специјалниот претставник Мирослав Лајчак изјави дека Владата на Србија го повлече писмото за „црвените линии“ кога е во прашање имплементацијата на Охридскиот договор. Поранешната премиерка Ана Брнабиќ минатата година испрати писмо до ЕУ во кое изјави дека Србија не го прифаќа договорот.
Стано истакна дека тоа можат да го коментираат српските власти и повтори оти Охридскиот договор е конечен и обврзувачки според меѓународното право за двете страни.
Доколку не го направат тоа, нема да бидат во можност да го продолжат својот европски пат, посочи Стано.