Вести Македонија Топ вести

Италија ќе го забрзува пристапување на Македонија во ЕУ, но и го чека нејзиниот предлог за уставните измени

Италија ќе работи и ќе го користи својот авторитет во Европската унија за забрзување на темпото на пристапување на Западниот Балкан во Унијата, а во меѓувреме се чека каков предлог ќе даде Македонија во поглед на уставните измени, за што веќе во Брисел се водат дискусуии.

Ова во Скопје го изјави министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани, одговарајќи на прашањето дали Италија ќе поддржи менување на преговарачката рамка за земјава за уставни измени со одложено дејство, на што инсистира македонската влада.

Ќе ги причекаме предлозите и формулациите на Република Северна Македонија. Мислам дека се дискутира на оваа тема, дискусиите се во тек. Треба секако да се најде и договор со Брисел. Ние секако го поддржуваме дијалогот, изјави Тајани.

Тајани притоа вели дека договарањето е меѓу двајца и оти Македонија испратила важни пораки за да одговори на барањета на Европа и на земјата е сега да реши како ќе продолжи во директниот дијалог со Брисел.

Ние секогаш сме за дијалог, дијалог на секој можен начин. Меѓутоа одредени  барања треба да бидат почитувани и технички-правно да има конфронтација помеѓу Република Северна Македонија и Европската унија, бидејќи сигурно ќе се најде одредено решение, изјави Тајани.

Муцунски пак го повтори ставот дека за прифаќање на уставни измени со одложено дејство од страна на Европската унија не е потребно менување на преговарачката рамка на земјава, туку станува збор за правно толкување.

Сметам дека со овој пристап на одложни примени, прво како и секоја влада, го штитиме нашиот националниот интерес, повторно да не бидеме понижени, повторно да бидеме доведени во ситуации какви што бевме доведени од страна на нашите соседи, а второстепено да обезбедиме дека патот напред кон полноправно членство ќе биде врз основа на стандардите и критериумите, изјави Тимчо Муцунски, шефот на македонската дипломатија.

Тајани денеска во Скопје испрати и порака дека земјите од Западниот Балкан се европски земји, а не азиски и оти нормално е да гледаат и теженат кон Европската унија, но затоа Унијата не смее да остави протстор во регионотв кој би го пополнила Русија. Италија за да се намали времето на пристапувањето на регионот ќе организира и средба на Западниот Балкан со новиот еврокомесар за проширување.

Меѓу средбите кои ги планира Италија за регионов е средба за Коридорот 8, поточно за неговата примена, на која на иста маса до крајот на годината ќе ги седне Албанија, Македонија и Бугарија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Престрелка во Чаир, едно лице е повредено

Дејан Дејан

Мицкоски: Нема да паднеме во замката на Бугарија да бидеме вовлечени во нејзиното предизборие

Дејан Дејан

Продаваат пелети како словенечки, а немаат врска со Словенија – директорот на ДПИ со предупредување до граѓаните

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе