Пожар избувна попладнево кај Катланово. Според очевидци, почнала да гори нискостеблеста шума над тунелот. Пламените јазици за кратко време се прошириле кон автопатот „Пријателство“.
Над местото се издигнува густ чад кој е видлив од сите страни на патот. Очевидци предупредуваат да се вози вимателно на делницата Скопје – Велес.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов информира дека на терен се екипи на БППЗ Скопје и додаде дека викендиците ќе бидат, како што рече, одбранети од пожарот.