Вести Македонија

Невладините и експертите бараат од претседателката Сијановска Давкова да не го потпишува Законот за урбанистичко планирање

Над 20 граѓански здруженија со апел да не се потпишува новиот Закон за урбанистичко планирање, тие го повторија своето барање до претседателката Силјановска – Давкова да не го потпишува указот за прогласување на овој закон и да го врати законот на повторно разгледување во Собранието, со задолжителна јавна расправа.

Јавноста и граѓаните треба да бидат вклучени во процесите на донесување одлуки кои се однесуваат на заштитата на животната средина, за да не се создаде дополнителен хаос. Ние не бараме да бидеме постојано критизери на процесите, туку ко-креатори и тоа е главната поента на демократското општество, вели Чоловиќ -Лешоска.

Алармираме конкретно за овој Закон, затоа што неговото донесување по скратена постапка навистина правиме повреда и на нашите национални закони, но и на меѓународното право. Архуската конвенција која Македонија ја има ратификувано веќе со децении, гарантира дека граѓаните имаат право во донесувањето одлуки кога станува збор за животната средина, вели Ана Чоловиќ – Лешоска од ЕКО – СВЕСТ Центар за истражување и информирање за животната средина.

Градовите во кои живееме денес во земјава се помалку може да се пофалат со квалитет на живот и тие се последица на серија вакви одлуки и урбанистички планови носени во слични вакви постапки, велат од „Шанса за Центар“.Самите измени во последниов случај се донесени на тотално нетранспарентен начин, вели Димески.

Резултатот од ваквото постапување го знаеме. Ние очекувавме нешто повеќе и подобро, особено на почетокот на мандатот на оваа власт, дека ќе прикаже еден поинаков манир на владеење и управување, дека ако ги употребуваме истите грешки од минатото не можеме да очекуваме поразлични резултати од од ова што сега го живееме, вели Јане Димески од граѓанската иницијатива „Шанса за центар“.

Ние ги кажавме нашите забелешки, велат од О2 иницијативата, но не бевме послушани.

-Министерот Николоски е убеден дека менува на добро.Ќе повторам: не можеш да менуваш на добро со владеење на стари закони, односно брза измена во која сега ние гасиме пожар со палење нови пожари. Не, пожар така не се гаси , затоа што имате 600 ДУП-ови заглавени и не е решението сега брзо да ги донесеме, смета татјана стојаноска од Иницијативата „О2“.

 

-Се надеваме дека ќе се врати назад во Собрание и да има начин да се вклучиме и ние и урбанистите и планерите, експертите. Да направиме еден добар план, којшто наместо да направи полошо ќе направи подобро за сите особено за младите, вели Дарко Арсовски Петровски од „Го Грин“.

Ваквите реакции следат по донесување на Законот за урбанистичко планирање без дебата со 64 гласа за и 11 против.

Во телевизиско интервју министерот за транспорт и врски Николоски рече дека со новиот Закон за урбанистичко планирање ќе се стави ред во урбанистичкиот хаос.

Воедно тој предложи да се донесат специјални закони за општините Карпош и Центар  за да се стави мораториум за градење и да се спречеи урбаниот хаос во овие две општини.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски: Mоќта на градоначалниците е преголема и тоа треба да се ограничи

Дејан Дејан

Централна Европа се справува со катастрофалните поплави

Дејан Дејан

Променливо облачно и свежо – Временска прогноза за 16.9.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе