И приватните компании да се вклучат со кофинансирање на проекти за подобрување на условите во болниците низ земјава, порача министерот за здравство, Арбен Таравари, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на реновирани простории во Клиничката болница во Тетово, настан кој беше со протокол само на албански јазик.
Со донација на приватна компанија била направена реорганизација на интернистичкиот блок и дел од амбулантите, што според Таравари треба да ги мотивира и другите фирми.
Во септември планирам да се сретнам со поголеми компании во Македонија бидејќи многу е битно и општествено-одговорните компании заедно со Министерството за здравство, каде Министерството за здравство би инвестирало тие би ни помогнале за да реновираме одредени објекти во здравството. Нормално ние си имаме наши проекти коишто ќе ги тераме, но секогаш се добродојдени и одредени кофинансирани од компании коишто се успешни во Република Северна Македонија, рече таравари.
Вработените во здравствените установи во земјава се жалат дека се преоптоварени, извршувајќи повеќе работни задачи истовремено, затоа што нема доволно медицински сестри, но и доктори специјализанти. Таравари со најава за вработување на 300 доктори.
Не само во Тетово, генерално секаде има недостаток посебно на средно медицински кадар. Ние ќе се обидеме овој период, знаете 300 доктори специјализанти ќе бидат ангажирани меѓутоа и средно медицински кадар ќе се обидеме да ангажираме. Се надевам дека донекаде недостатокот на кадар ќе го покриеме, рече таравари.
Проширување на позитивната листа со осум нови лекови, најави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Тој рече дека очекува во иднина уште повеќе да се проширува оваа листа и дека лековите нема да се набавуваат преку привилегирани семејни веледрогерии.
Данијела Билбилоска