Вести Македонија

Јакимовски бара да ги слушне аргументите на Николовски

Градоначалникот на општина Карпош Јакимовски побара средба со министерот Николоски кој предложи да се донесат специјални закони за општините Карпош и Центар за да се стави мораториум за градење и да се спречеи урбаниот хаос во овие две општини.

Јакимовски, кој вели дека се залага за ред и поредок во урбанизмот, бара да ги слушне аргументите на Николоски, но и да ги предочи своите за кои вели дека се егзактни според официјална статистика.

Сите закони кои ги носи Владата треба да се засноваат на емпириски показатели и тие се спротивни на она што го кажува министерот, вели Јакимовскии. На прашањето дали Уставен би дозволил вакво нешто да се случи, Јакимовски категоричен.

Не, нема дилема дека тоа е неуставна работа. На прашањето каква порака се праќа, се праќа порака за нестабилност. Замислете вие имате имот кој не можете да го легализирате. На тој имот вие имате генерален план. Имало детален план, деталниот план паднал на Уставен суд и автоматски Вас имотот Ви се замрзнува. Веќе имотите низ Карпош не се по 5, 10, 15 илјади евра, туку се зборува за имот вреден по 300, 400, 500 илјади евра и ние мораме да имаме респект кон сите граѓани на општина Карпош, рече јакимовски.

За тоа каква политичка порака се праќа бидејќи станува збор само за општините Карпош и Центар кои не се под ингеренции на владејачката партија, Јакимовски со став.

Лоша е политичката порака, јас не би сакал да се конфротирам, можеби забележувате изминативе месец и половина не се конфронтирам, не би сакал да се конфротирам и треба да седнеме како нормални луѓе. Јас очекувам дека минстерот е долго време во политика, бил пратеник и би требало да се разбереме за што зборуваме Како да го коментирам фактот дека во Ѓорче Петров има урбанистички план со 54 згради, урбанистички план со триесет и кусур згради, а училиште нема, градинка нема и половина Ѓорче Петров сака да ги смести децата во градинките во Карпош е сега каде има хаос во Ѓорче Петров или во Карпош, прашува јакимовски.

Ваквата реакција на Јакимовски следи по предлогот на министерот за транспорт и врски Николоски да се донесат специјални закони за општините Центар и Карпош за да се забрани градење во подолг период.

Додека јас сум министер за транспорт на седница на Совет на општина Карпош нема да дојде ниеде детален урбанистички план којшто е поврзан со домување станбено, односно А2. Ова го кажувам пред камери, значи воопшто нема да се доведете во ситуација да гласате за нешто затоа што јас ќе го блокирам тоа како што од како сум министер е блокирано. Тоа што таму е изградено е изградено и тоа е многу и тоа е тоа, рече министерот.

Собранието го донесе Законот за урбанистичко планирање без дебата со 64 гласа за и 11 против. Во меѓувреме од О2 иницијативата ја повикаа претседателката Гордана Силјановска-Давкова да не го потпишува указот за прогласување на овој закон и да го врати законот на повторно разгледување во Собранието, со задолжителна јавна расправа.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно и свежо – Временска прогноза за 16.9.2024

Дејан Дејан

НАТО: Украина има законско право да напаѓа цели во Русија

Дејан Дејан

Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе